Франција му кажува последно збогум на Џони Холидеј

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Денес Франција се простува за последен пат со рокенрол легендата Џони Холидеј со специјална  церемонија на парискиот булевар “Шанз-Елизе” и почесен концерт. Според прелиминарните информации на Елисејската палата,  тажачката служба ќе тргне по ручек од Триумфалната капија, ќе помине по булеварот “Шанз-Елиза” до плоштадот “Конкорд”, од каде ќе се упати кон црквата “Ла Мадлен” за религиозна служба.

После тоа, ќе има концерт во спомен на Холидеј, кој останува во историјата како еден од најпознатите изведувачи во Франција и симбол на француската рок музика. Се очекува поворката, предводена од претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит, да привлече стотици илјади обожаватели на покојната ѕвезда и да биде најголемата во 200 години.

Во својот репертоар, ѕвездата има над 100 рок композиции. Неговите дискови се продаваат низ целиот свет во вкупен тираж од повеќе од 110 милиони примероци. Холидеј е исто така кавалер на Редот на Легијата на честа.