француските велосипедисти, наскоро ќе мораат да ги регистрираат своите велосипеди при купувањето, со што француските власти сакаат да го зголемат користењето велоспипеди и да ги намалат кражбите, пренесоа медиумите.

Тој предлог француската влада ќе го претстави до крајот на годината, а се очекува дека ќе стапи на сила во 2020 година.
Според статистичките податоци до сега помалку од 2 отсто од Французите косритат велосипед лкако превозно средство до работа. Повеќето од нив речиси 70 отсто косристат автомобил, 13 отсто јавен превоз, а 4,5 отсто се пешаци.
Се проценува дека во Франција се користат 21 милион велосипеди, а речиси 1.100 од нив секој ден се крадат.