Францускиот премиер поднесе оставка

од Nikola Popovski

Премиерот на Франција Жан Катекс денеска поднесе оставка, соопшти неговиот кабинет.

Оставката на Кастекс го отвори патот за очекуваната реконструкција на владата од страна на претседателот Емануел Макрон, откако тој беше реизбран за претседател во април.

Кастекс претходно најави дека неговата влада ќе поднесе оставка доколку Емануел Макрон биде реизбран за претседател, во обид да и даде „нов поттик“ на центристичката партија на Макрон пред парламентарните избори во јуни.

„Доколку биде реизбран, мојата оставка и оставката на владата ќе му ја поднесам на претседателот во наредните денови“, изјави пред извесно време Катекс.

Парламентарните избори во јуни се нов тест за Макрон, кој е пред нов сојуз на левицата и зелените.

Слични содржини