
„Зошто се преименуваат одредбите од АСНОМ? Затоа што во прогласите на АСНОМ има еден проглас кој се однесува на обедувањето на трите дела на Македонија. Тој дел ги вознемирува Грците и тоа со право. И кај Бугарите во уставот да има таков дел и нас би не вознемирило.
Во однос на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Фрчкоски истакна дека тоа е партија која е милитантна кон своите членови, тешко ќе ги пуштат слободно да одлучуваат ако немаат жесток притисок на сестринските парии.
Фрчкоски потенцираше дека во случај договорт да не успее, тогаш Македонија повторно се враќа на старата позиција, ќе ни се закани изолација, зошто немаме пари од каде би повлекле да нормално живеење, а државата во осова нема пари и затоа има толкаво иселување. Државата ќе почне да скапува одвнатре. Ќе почне да функционира сивата зона