Френсис Форд Копола го снимил „Кум 3” само поради парите

од desk2
135 прегледи

Неодамна објавеното интервју со познатиот холивудски режисер Френсис Форд Копола, откри дека третото продолжение на познатата филмска сага „Кум” е снимено од чисто егзистенцијални потреби на режисерот.

Филмот снимен во 1990 година се смета за најслаб во целата трилогија, и покрај бројните номинации за Оскар.

Во едно интервју од 2001 година, Копола призна дека ја вратил познатата мафијашка сага исклучиво за да обезбеди финансиска сигурност за себе и за своето семејство.


„Банкротиравме. Во одреден момент сфаќаш дека овие филмови, како „Апокалипса” и филмовите „Кум” многу добро поминаа кај публиката, иако во времето кога излегоа и не беа нешто посебно”, призна режисерот.

https://www.youtube.com/watch?v=EwLXWbNV4bE

„На некои луѓе им се допадна, а на некои не. Во тоа време не знаев што да правам. Мислев на многу работи, и одеднаш тогашниот шеф на студиото „Парамаунт” предложи: Зошто не снимиш „Кум 3”?”

„Размислував за тоа и сфатив дека би можел да направам договор кој би ме вратил. Се чувствував дека ѝ должам на жена ми да заработам пари и да ставам нешто на страна, за неа, да го сочувам нашиот дом, и така одлучив да го сторам тоа“, рече Копола.