Фридом хаус: С.Македонија и натаму во групата на земји со делумна слобода

од Берта Китинска
287 прегледи

Во најновиот годишен извештај на Фридом хаус „Слободата во светот“, објавен денеска, земјата доби 66 поени од можни сто, што е за три поени напредок во однос на минатата година.

Според извештајот  Северна Македонија и натаму е во групата на земји со делумна слобода иако бележи пораст од три поени од претходниот извештај.

Во забелешката за Македонија се наведува дека „реформаторската влада на Северна Македонија беше реизбрана и нејзините „институции во голема мера се опоравија од штетата нанесена од поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски“.

Исто така се додава дека „владата на премиерот Зоран Заев го смени долгогодишното демократско уназадување, но на земјата и понатаму ѝ се ускратува шансата да стане членка на Европската унија“. Во истата група со Македонија меѓу другите се и: Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина. Од регионот во групата слободни земји се најдоа Бугарија, Хрватска и Романија.

Слични содржини