173
Граничната агенција на Европската унија Фронтекс соопшти дека бројот на луѓе кои се обидуваат да влезат во Европа преку Турција без одобрување минатиот месец е значително зголемен.
Фронтекс денеска објави нови податоци според кои во септември се регистрирани 11.500 обиди за влез во ЕУ преку источниот дел на Средоземно море. Тоа е за 16 отсто повеќе во однос на август.
Во извештајот се наведува дека поголем број се Авганистанци, а две третини од сите луѓе што се обиделе да влезат во ЕУ во септември дошле по источниот пат.
Фронтекс соопшти дека за девет месеци оваа година се откриени речиси 50.600 обиди за гранични премини во источниот Медитеран, што е за 22 проценти повеќе во однос на минатата година.