„Фрустрација, конфузија и очај – Балканот вратен во 19 век„

од desk2
151 прегледи

Балканот на почетокот на 21 век почнува да наликува на 19 век, но разликата е во тоа што во
во 19 век Голема Русија и Турција биле ривали во борба за регионаnно влијание.
„Тие сега се обединуваат во напорите да го намалат влијанието на ЕУ на Балканот„, вели Иван
Крастев, претседател на Центарот за либерална стратегија во Софија и соработник на
Институтот за хуманистички науки во Виена.

Во текстот објавен во Фанејшнл тајм, Крастев консатира дека „Москва и Анкара активно ги
политизираат националните и верските напнатости на Балканот„ каде нивното „ политичко и
стопанско разузнавачко присуство не е ограничено само на поранешна Југославија и Албанија, туку
се протега и на Бугарија и на Грција„.
Промената на ставот на јавноста на Балканот „ треба да го загрижува Западот„ пишува авторот
и потсетува дека во неодамнешната анкета на Галуп, на пршањето  од која голема сила
би побарале воена помош ако нивната земја е зазгрозена  при некој судир, „повеќето Турци, Грци, Срби и
Бугари, одговрил: од Русија„, и тоа покрај што што Турција, Грција, и Бугарија се членки на
НАТО, а Србија сака да се придружи на ЕУ„.

Состојбата на Балканот„ дефнитивно се одразува и на економијата која стагнира, со висок
процент на невработеност, а реакционерните режими, кои го спроведуваат полтичките лидери
прво би ја нападнале Европа отколку да се откажат од власта„.
Покрај тоа „расположението на јавноста се чини е експлозивна мешавина на фрустрација,
конфузиа аи очај.  Огромниот егзодус на луѓето од тој регион во текот на изминатите две
децении ги остави тамошните држави без критична маса која би ги предводеле промените„
додека неодамнешната “криза со избеглиците проследна со демогравскиот страв ги потикна, ги
засили чувствата за безнадежност и песимизам„.
Крастев смета дека „нерешената политичка криза во Македонија, обидот за државен удар
во Црна Гора и активната расправа за референдум за независност на Република Српска…,
укажуваат каква би била иднината на регионот„.
ЕУ навистина е главен трговски партнер на Балканот, но „ луѓето кои сакаат да си го
остварат својот сон одат во Германија и во Италија, а не во Москва или во Анкара. Но,  тоа не
е доволно да се задржи безбедноста и да се има влијание од страна на ЕУ„.

Новата реалност на Балканот, пишува Крастев, е таа што Европјаните повеќе не можат да се
потпрат на помошта на САД за да обезбедат мир и стабилност во регионот„, бидејќи„Балканот
нема никогаш да биде приоритет кај претседателот на САД, Доналд Трамп, ниту во неговата Влада има
волја да ги брани тамошните муслимани што во текот на деведесетите години беше улога на
САД.
“Овој недостаток на интересирање на Вашингтон е дел на објаснувањата зошто Москлва на
Балканот, а не во државите на Балтикот, ќе биде на искушение да ја демонстрира ранливоста на
НАТО. А, тука на Балканот всушнот и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би можел да
ги постигне своите цели и да им одржи лекција на Европјаните, укажува Крастев.

Тој наведува дека „наивно да се мисли дека ЕУ може повторно да влијае на Балканот, повторувајќи ја својата поврзаност во инетрацијата или уфрлајќи малку пари“ во регионот вели Крастев и додава дека ЕУ мора да биде подготвена дека нејзин  геополитички приориет се тие земји кадеа што „ тамошните полититички судири се обликуваат како борба за Европа или протоив неа„ бидејќи во спротивност нејзиното влијание во регионот набрзо ќе избледнее.