ФСБ приведе Русин кој планирал терористички напад на Транссибирската железница

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека привела Русин кој по наредба на украинските разузнавачи планирал терористички напад на Транссибирската железница, пренесе РИА Новости.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација приведе руски државјанин, роден 1962 година, кој планирал да изврши терористички акт на железничкиот јазол на Транссибирската железница во регионот Свердловск, по наредба на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина. Против осомничениот е покрената кривична постапка за тероризам“, објаснуваат од ФСБ.

Осомничениот го признал делото и соработува со истражителите, се додава.

Слични содржини