Фудбалери во Етиопија се обидоа да линчуваат судија

од Vladimir Zorba
99 прегледи

На фудбалски натпревар во Етиопија играчи незадоволни од досудената одлука се обидоа да го линчуваат судијата.

Инцидентот се случи на натпреварот меѓу екипите Дифенс и Велвало Адиграт Јуниверсити, кога при резултат 1:1 судијата призна спорен погодок на Дифенс.

По одлуката неколку фудбалери на Велвало го нападнаа судијата и почнаа да го гонат се до атлетската патека, каде тој беше приморан да се барани со знаменцето за корнер, но доби и неколку удари.

По интервенцијата на  полицијата, ситуацијата се смири.