Фудбалот се враќа, време е за уплата на спортска

од Берта Китинска
269 прегледи

Германската Бундеслига е првата елитна светска фудбалска лига која се враќа по двомесечната пауза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Денеска треба да се одиграат осум натпревари, седум започнуваат од 15.30 часот меѓу коои ќе биде и дерби средбата помеѓу омразените ривали, Борусија Дортмунд и Шалке, популарното Рурско дерби.

Ова е најголемото дерби во Германија каде навивачите го имаат главниот збор. За големата натпреливост помеѓу навивачите на двете екипи зборува и податокот дека во минатото на терен имало и лавови.

Во последниот натпревар од 18.30 часот ќе играат Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах, а сите натпревари до крајот на сезоната ќе се играат без присуство на навивачи.

Лидер на табелата е Баерн Минхен со 55 бода, четири повеќе од Борусија Дортмунд и пет повеќе од Лајпциг на девет кола до крајот на сезоната.Последнопласиран тим во Бундеслигата е Падерборн со 16 бода, два бода повеќе има Вердер, а Фортуна Дизелдорф е на 16. место со 22 бода.

Граѓаните од средата и официјално можеа да уплата тикети. Спортските оболожувалници потребно е да се придржуваад до следниве протоколи.

Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно – исплатните места.
Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата.Влез со маски за сите играчи
На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња.

На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата.Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата.Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци.

Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Слични содржини