Функционер може да прими подарок во висина до 20 евра, вели Николовски

од Берта Китинска
349 прегледи

„Со владина уредба точно се пропишани процедурите за примање на протоколарни подароци од странски и домашни, физички и правни лица, при што е определено вредноста на подароците да не надминува 20 евра“, рече вицепремиерот Љупчо Николовски објавувајќи делови позитивните оценки на ГРЕКО.

Како што напомена денеска во извештајот  е поздравено објавувањето на имињата на сите советници во Владата на официјалната веб страница, како и изработката на тест за интегритет на советниците на функционерите, преку кој се утврдува нивото на интегритет и способноста за детектирање за евентуални ризици од корупција.

Во однос на разрешувањето на функционери Николовски напомена дека ќе се постапува по Кодексот за етичко однесување.

-Помина времето кога институциите не смееја да спомнат имиња на некои функционери. За секој случај, ако се докаже дека има прекршувања, ќе се покренуваат постапки, рече вицепемиерот одговорајќи на новинарско прашање кога ќе побара разрешување на Драги Рашковски и зошто по примерот на Лидија Димова не е предложено негово заминување од функцијата.

-Финансовата полиција поднесе кривична пријава за злоупoтреба на позицијата против  Лидија Димов кој треба повторно да се докажува. Ќе одговара како директор на еден од институциите според Кодекс за етичко однесување така да се држиме до нашите обврски, изјави Николовски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека  за случајот со околу набавката на софтверот Рашковски сите документи им се дадени на институциите.

-Тие постапуваат и ако се утврди злоупотреба и кај него, секако дека, според Кодексот на етичност на функционерите, ќе побарам разрешување и ќе реагираме, одговори на прашање зошто не постапува исто, изјави Николовски.

Слични содржини