Арсовска бара рамноправно делење на парите за партиите

од Nikola Popovski

Претседателката на Нова алтернатива, Данела Арсовска денеска го потпиша Кодексот за фер и демократски парламентарни избори. Очекува сите партии да се придржуваат до принципите на фер и демократски избори и истото да биде темел на презентација на се што ќе биде во јавноста врз основа на факти и идеи, а не базирано на лични напади.

-Како носител на листа која доминантно е составена од жена и каде за првпат имаме листа во ИЕ1 каде по застапениот пол е жената, се надевам дека ќе имаме фер и коректна кампања и нема да се сведеме на напади на сите кои што се надеваме како млади политичари и политичарки. Ги охрабрувам сите да дадат јасна поддршка за тоа овие избори, а бидат демократски. Сакам да истакнам јасна поддршка на она што беше истакнато од оние претставници кои не го потпишаа Кодексот, од аспект на начинот на кој се распределуваат средствата. Четири партии и коалиции ќе делат 9 милиони евра, а сите останати по 8000 евра. Со тоа се доведуваат сите политички субјекти кои не се во овие четири партии во подредена состојба, да не можат адекватно да ги промовираат своите идеи и програми, кажа Арсовска во изјава за медиумите.

Таа побара рамноправно делење на средствата меѓу сите партии во иднина, со цел граѓаните да донесат одлука која што ќе биде информирана од јавноста.

Слични содржини