Јакимовски повторно не го потпиша Кодексот за фер избори

од Nikola Popovski

Најголемиот дел од коалициите и партиите ставија потпис на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори. Дел одбија зашто имаат забелешки за процесот.

Претседателскиот кандидат, Стевче Јакимовски и овој пат не го потпиша Кодексот. На ферплеј кампања за состав на новата Влада не се обврза дел од политичките субјекти, меѓу кои и партијата Демократи. Причината за тоа се, како што велат измените во Изборниот законик кои е на штета на помалите партии, а во најголем дел забелешките се однесуваат на финансирањето на партиите.

-Учесници на изборите ќе треба да ги почитуваат етичките начела и законската регулатива – истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

На претстојните единаесетти по ред парламентарни избори, ќе учествуваат 17 политички субјекти од кои пет коалиции, предводени од партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, албанската опозиција и ГРОМ.

Изборната кампања почнува на 18-ти април. Денот на гласање е 8-ми мај, со вториот круг од претседателските избори.

Слични содржини