Оваа маска со засилена реалност им овозможува на пожарникарите да гледаат и низ навистина густ чад. Во ситуации кога со обичните шлемови и заштитни очила не може да се види ништо освен чад, со маската C-Thru на компанијата Quake Technologies се гледа буквално се.

Маската со помош на засилена реалност им помага на пожарникарите да влезат и да излезат од местата каде што има пожар дури пет пати побрзо отколку со вообичаена опрема. Провидниот дисплеј со засилена реалност е поставен директно пред очите.
За разлика од принципот на кој функционираат термалните камери, кои пожарникарите мора да ги држат во рака и да застанат за да можат да видат што има, C-Thru ги обележува со осветлени рабови најбитните работи во една просторија за пожарникарите да можат брзо да ги воочат жртвите и предметите.
Исто така, маската го емитува тоа што го гледаат пожарникарите до контролен центар. Оваа технологија ќе ја редефинира иднината на пожарникарската служба.
https://www.facebook.com/InTheKnowInnovationAOL/videos/1878500262227107/