Навредувачка и несериозна, вака митрополитот Европски Г Пимен ја оцени изјавата на Епископот Бачки Иринеј, дека Македонската православна црква е неука и направила незрел потег со одлуката Бугарската православна црква да и биде црква Мајка, пренесува Телма.

Реториката на СПЦ дека ние треба да се откажеме од решавањето на нашиот статус со посредство на БПЦ, говори дека ние сме на добар пат кон изнаоѓање решение за црковното прашање, рече Митрополитот Г Пимен.

На Божиќ во таканаречената железна црква во Истанбул, заедничка литургија ќе отслужат вселенскиот патријарх Вартоломеј и бугарскиот Неофит.

За МПЦ ова е значајна средба, бидејќи по литургијата тема на разговор помеѓу двете црковни лица ќе биде токму барањето на МПЦ БПЦ да и биде црква Мајка.

 Митрополитот Пимен, потврди дека на средбата бугарскиот патријарх Неофит, официјално ќе ми ги пренесе барањата на нашата црква за воспоставување на канонски статус на МПЦ преку нивно посредсво

Инаку Игуменот на Бигорскиот манастир отец Партениј, за медиумите изјави дека Бугарската православна црква има многу поголемо право од СПЦ да ни биде црква Мајка, затоа што со неа се поврзува долгогодишна црковна историја, почнувајќи од Охридската архиепископија па се до заедничката Егзархија.

Според отец Партениј, односот на СПЦ кон нашата црква е како што ја нарече невидена голгота, незаинтересираност и нетолерантност за нерешеното црковно прашање со исклучок на одредени српски владици.

Пред месец и половина МПЦ побара БПЦ да и биде црква Мајка, по што дванаесет митрополити на чело со патријархот Неофит, се потпишаа дека ќе ја застапуваат нашата црква пред останатите цркви.