
Кинење на облека, хистерија, избезумен плач, виолини и духовна музика – така помина денес погребот на познатиот низ цела Европа ромски бос – милионер Тибор Лакатош. Тој почина во Словачка изненадувачки на 43 години. На неговиот погреб се собраа над 400 лица.
Телото на Лакатош беше положено во отворен ковчег, а емоциите околу него беа всушност напнати, пишува Blesk.cz во обемна репортажа.

Збогување со Лакатош помина исклучително емоционално. Не само жените, туку и мажите плачеа гласно, заземаа најдобро место крај ковчегот. Други го прегрнуваа телото и обидуваа да го извадат оттаму.
“Некои беа толку подивеаја што ја скршија покгребната кочија”, раскажува шефот на погребната фирма.
За патот кон другиот живот ромскиот бос добил предмети кои го опкружуваа во неговиот живот на земјата. Блиските фрлале во ковчегот алкохол, пари, злато, цигари и последни модели на мобилни телефони.
“За нас тој беше легенда со својот живот и вистински бос. Овие предмети ќе му се потребни во понатамошниот пат “, го објаснува ромскиот обичај една од неговите роднини.

Според обичаите ритуалот е зачуван од старо – зборува католички свештеник. На самата служба сепак присутни беа само неколку љубопитни роднини и блиски. Останатите чекале да го извадат ковчегот.


По долготрајното збогување ковчегот со телото на богатиот Ром беше однесен кон гробиштата, опколен од околу сто од неговите најблиски луѓе. Цело време дувачки оркестар свирел чардаш и тажни цигански песни. Во тоа време роднините на Лакатош го вреска името и го повикуваат да се врати кај живите.