(ГАЛЕРИЈА) А да живееш во домот на Џони Деп

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Џони Деп продаде својот четврти луксузен стан за 1,82 милиони долари, од вкупно пет, кои беа на пазарот, соопшти Контактмјузик.

Вкупната сума од продажбата на четирите имоти изнесува 12,78 милиони долари и сега само еден бара купувач. Сите пет апартмани се во станбениот комплекс “Истерн Колумбија билдинг” во Лос Анџелес.

Последното продадено живеалиште има убав поглед на градот и планината. Тоа ќе е идеално за еден од професионалните кошаркарски играчи во Лос Анџелес, бидејќи има високи тавани или за фотограф, поради живописните пејзажи, кои се откриваат од главната спална. На покривот има базен со солена вода. Кон него се предвидени бања и фитнес.

Петтиот имот на Џони Деп се нуди на пазарот на малку пониска цена од 1,79 милиони американски долари.

Ѕвездата од “Пиратите од Карибите” започна да продава дел од недвижниот имот по разделбата со Амбер Херд минатата година. Тој продаде уште две куќи во вкупна вредност од над 5,5 милиони американски долари во октомври и ноември.

Видете го домот кој го продава Деп во галеријата.