Британскиот актер за прват ја коментира врската со сегашната девојка.

“Таа е моја и на никој друг”, вели Џад Лоу за својата девојка Филипа Коан. Британскиот актер во новото интервју вели дека никогаш не бил посреќен на личен план.
Џад позираше за нова фото сесија за магазинот Modern Luxury, но иако на сликите изгледа мрачен, 43-годишната ѕвезда е во многу позитивна фаза од животот.
Ѕвездата од “Талентираниот мистер Рипли” излегува со психологот Филипа околу година дена. За неа тој вели: “Јас многу, многу сум среќен. Голем дел од овој факт се должи на тоа што таа е многу дискретна девојка и нашата врска е многу лична и нормална. ”
Џад го коментира и татковството: “Сакам да сум татко. Тоа е емоционално и исцрпувачки, но исто така и прекрасно. ”
За кариерата тој вели: “Кариерата ми се промени откако ја поминав 40-та. Сега можам да играм улоги кои не можев кога бев на 25, бидејќи имам одредено искуство”.
Гледајќи назад на раните денови на кариера, тој признава дека чувствувал незадоволство од тоа што сите се фокусираат на добрата визија, а не врз неоспорниот талент на актер.
“Неколку години по ред сметав дека ми даваат улоги само заради изгледот„.
Видете сликите на Џад за списанието!
