Џеј Ло е дефинитивно подготвена за зимата. Една од најубавите пејачки на светската музичка сцена, Џенифер Лопез, во текот на целата година не останува незабележана со модните избори.

Така Џенифер била забележана да пазарува за празниците во Беверли Хилс, а за време на прошетката, таа избрала една топла, но исклучително модерна комбинација која изгледа повеќе од одлично.
Крајно елегантна, пејачката и актерка изгледала како вистинска дива, кога се појавила во трговскиот центар, облечена во тесни црни панталони и палто, во кое е невозможно да не се заљуби.
Станува збор за капут во т.н. камел боја, со убава кожа при што изгледа неверојатно женствено и модерно.
Во комбинација со кратки чизми на високи потпетици и чанта во комбинација од две бои, Џенифер успеала да постигне одличен зимски ефект, кој може да ви послужи како добра инспирација како за дневните, така и за вечерните излегувања.


