(ГАЛЕРИЈА) Грција: Објавија евакуација на Идомени, бегалците не сакаат да си заминат

од desk3
107 прегледи

Грчките власти прогласија евакуација на импровизираниот бегалски камп крај грчко-македонската граница во Идомени.

Илјадници мигранти и бегалци од Сирија остануваат блокирани на грчко-македонската граница, откако т.н. балкански пат беше затворен.

migr3

Од 6:00 часот утринава два автобуси чекаат мигрантите да се качат во нив и да бидат одведени кон бегалските кампови во внатрешноста на земјата. Во овој момент интерес од страна на бегалците нема. Тие се категорични дека ќе останат да живеат во близина на границата и покрај ужасните услови.

И додека Турција ја презира демократијата, Европа молчи!

Единствената информација која доаѓа од Агенцијата за бегалци, е дека во моментот над 200 лица се пријавиле за програмата за релокација.


Се смета дека во овој момент во кампот во Идомени има 10-12 илјади лица. За нив ќе бидат потребни најмалку 60 дена за да бидат евакуирани.

Луѓето таму живеат во ужасни услови повеќе од две недели. Дождот паѓаше неколку дена, а денес е првиот ден со јасно небо. Луѓето се принудени да копаат насипи за да се заштитат од водата во шаторите нивни.

Повеќето мигранти се болни, кашлица се слуша од секоја шатор. Нечистотијата, дождот и влагата предиспонираат за избувнување на епидемии.