ГАЛЕРИЈА: Избори под маски и на дистанца

од Берта Китинска
336 прегледи

Денеска, по десетти, граѓаните ќе ги избираат своите претставници во Собранието. Избирачките места првпат ќе бидат отворени два часа подолго, па наместо вообичаено од 7 до 19 часот, поради пандемијата со коронавирусот, правото на глас ќе може да се оствари до 21 часот.

Граѓаните во Македонија денеска гласаат во посебни услови, со маски на лицето и држејќи растојание меѓу себе.

Право на глас имаат 1 814 263 граѓани. Мал дел од нив, над 10 илјади, гласаа во изминатите два дена. Во понеделникот својот глас го дадоа 723 лица кои се позитивни на ковид-19 или се наоѓаат во изолација или самоизолација, а вчерашниот ден беше резервиран за над 9 000 граѓани од повеќе категории: болни и немоќни, сместените во домови за возрасни лица, осуденици и притворени.

ФОТО: Борче Поповски

 

Слични содржини