Кајли Џенер тврди дека ставила филери на нејзините усни бидејќи се чувствувала несигурно.

Таа изјави за списанието “Complex”, дека се грижела за тоа кога момците ќе посакаат да ја бакнат, плашејќи се дека нејзините усни се многу тенки.
“Тоа ми беше несигурност, целиот мој живот” Кајли изјавува за списанието.

“Едно момче што го бакнав ми рече “твоите усни се многу мали, ама навистина убаво се бакнуваш, не мислев дека ќе бидеш добра во бакнување”. Тоа беше многу непристојно. Оттогаш, се чувствував како сите машки да зјапаат во моите усни. Се чувствував како никој да не сака да ме бакне.” се сеќава таа.

Гласините, за промената на нејзините усни, првично излегоа во 2014-та година, но таа негираше.
Меѓутоа во 2015-та година, во една епизода од реалното шоу за нејзиниото семејство “Keeping Up With The Kardashians”, таа конечно призна дека ставила филери.


За тоа зошто таа лажела, Џенер рече: “Не сакав да бидам лошо влијание. Не сакав луѓето да мислат дека треба да си ги направиш усните за да се чувствуваш подобро”.