(Галерија) Кога на тремот си играат рисови

од desk2
154 прегледи

Тим Њутон кој живее на Алјаска имал интересна средба со рисови, кои дошле да си поиграат во неговиот двор и на тремот.


„Ме разбудија чудни звуци, па одлучив да излезам надвор да видам што се случува. По првобитниот шок, го грабнав фотоапаратот и почнав да сликам. Можете ли да поверувате? Надвор беше мајка рис со нејзините седум младенчиња“, напиша Њутон на фејсбук.

„Ги повика и сите се наредија. Дивиот живот на Алјаска е фасцинантен!!! Продолжија да си играат на тремот, а потоа проминаа во дворот“, објасни тој.

Њутон се шегува дека рисовите 1 отсто од времето бркаат зајчиња, а 99 отсто ги бркаат своите млади.