(ГАЛЕРИЈА) Монголија – земја на последниот народ на елените

од desk2
92 прегледи

Монголија е земја на стари традиции и каде се уште живеат споени со природата номадски племиња.
Ова го покажуваат не само фотографиите, но и филмот на Хамид Сардар-Афкхами – фотограф и специјалист за тибетски истражувања кој стекнал докторат по санскрит, тибетски и монголски јазици на Харвард.

Хамид го обиколил Тибет и Хималаите со деценија, пишува My Modern Met, за да го сними неверојатно живот на едно од последните номадски племиња во Монголија, нарекувано “народот на елените”.

Овие луѓе се од племето Дукха – последните чувари на елените, кои останале да живеат на суровата земја на монголски степски. Тие се од турско потекло. Животот им е директно поврзан со природата и животните. Елените им даваат не само храна, но и облека, транспорт и можност за лов.

Ова древно племе живее на начин кој за модерната цивилизација е целосно неразбирлив. Но спојувањето со природата, духовите на нивните предци и елените им дава апсолутен мир. Тие се борат апсолутно сами, со голите раце за да обезбедат храна и да го продолжат ваквиот вид.

Племето Дукха исчезнува со многу брзо темпо. По не многу долго најверојатно целосно ќе се избришат од лицето на земјата. Во 70-тите години на минатиот век Дукха поседувале стада елени, кое броеле повеќе од 2.000 примероци. Денес тие имаат само околу 600. Постојат само 44 семејства од ова племе како пред тие биле меѓу 200 и 400 лица.

Поставените слики од Сардар прикажуваат една изгубена култура, осудена на заборав и исчезнување во наредните години. За да се запечати нивниот бит и начин на живот, Хамид ги следи сезонски миграции на едно семејство.
Филмот добива награда на жирито за најдобар филм за планинска култура на Фестивалот на филмската уметност во Banff, Канада.

На кратко филмот раскажува за едно племе во Северна Монголија и нивните сфаќања за свештенската унија меѓу луѓето, нивните патрони – духовите на претците и елените.

Семејството секоја године се доселува во провинцијата Ховсгол во Монголија, каде во светите шуми комуницира со духовите на своите предци. Заедништвото станува преку 96-годишната шаманка Цујан. Со специјални ритуали и пеење таа успева да го оствари тоа сакрално единство, толку важно за овој народ.

Филмот е едно совршено авантура низ дивите области на Монголија, каде луѓе, животни и природа се претопиле во совршена и чиста симбиоза. Племето Дукха ја почитува неверојатно природата и го пренесува тоа почитување на следните генерации.
Најимпресивните фотографии можете да видите во галеријата: