Вселенското летало на НАСА “Касини” помина што е можно поблиску до сателитот на Сатурн Мимас. Тој успеа да направи најмногу прецизни слики на небесното тело, соопштува RT.
Од фотографиите објавени од НАСА, јасно се гледа од каде месечината го добила прекар “Ѕвездата на смртта”. Огромниот кратер Хершел зазема голем дел од површината и на кадрите таа изгледа како озлогласената “Ѕвезда на смртта” на Дарт Вејдер – Непобедлива вселенска борбена машина од “Војна на ѕвездите”, која е способна да ги уништува цели планети.
Кадрите се снимени на 22 октомври 2016 на растојание од 185.000 км. Вселенската агенција ги објави оваа недела.
Сенките на кратерот дозволуваат да се пресмета колку се високи ѕидови и највисокиот дел. Тој е наречен според пронаоѓачот – астрономот Вилијам Хершел. Кратер се протега на 139 километри широчина и претставува околу една третина од дијаметарот на Мимас. Врвот Хершел во центарот на кратерот е висок речиси колку Еверест на Земјата.