(ГАЛЕРИЈА) Невиден сјај: Тајланд потроши 80 милиони долари за да изгради крематориум за својот мртов крал

од desk4
97 прегледи

Година по смртта на кралот на Тајланд – Пумипон Адунјадеј, денес тој беше почестен од милиони Тајланџани, кои пристигнаа на импресивната церемонија.

Луѓето од целиот Бангкок денес тргнаа кон Санам Луанг уште еднаш да се простат од кралот. Тој ќе биде кремиран вечерва во специјално изградениот комплекс.

Кралот Рама 9 почина на 13 октомври 2016 и беше најдолго владејачки монарх во светот. За Тајланџаните тој е повеќе од крал. Тука го прифатија како татко на нацијата, личност која со интелектот и визијата успеа Тајланд да ја направи од сиромашна во просперитетна држава со моќна економија и значително влијание во Азија и во светот.

Според каноните на будизмот кралот ќе биде кремиран во специјално изграден комплекс на Sanam Luangогромна област во близина на дворецот Grand palace.

Кралскиот крематориум беше подигнат за 8 месеци и е вистинско уметничко дело во кое традиционалните верувања на Тајланѓаните, го претворија универзумот на будизмот во реалност и тој беше направен со помош на најдобрите локални уметници. Изградбата чинеше околу 80 милиони долари. Значаен дел од средствата 890 милиони бахти, речиси 26 милиони долари беа донирани од луѓето.