380
„Сваровски“, е најновата уметничка инсталација, која осамна пред палатата на правдата во Скопје, на местото кадешто порано стоеше споменикот на Ќосето.
Во луксузна кутија за накит „Сваровски“, божицата на правдата е претставена како приврзок, накитена со кристали.
Ова е најнова во серијата вакви акции, со кои непознати активисти на оригинален начин изразуваат политички ставови, поврзани со актуелната полтичка ситуација во земјава во предизборието.
Претходно, деновиве граѓаните имаа можност да видат кафез со „Заробена држава“ на улица Македонија, а на плоштадот на главниот град беа поставени џиновски телефон и уво, со кои се потсетуваше на прислушувањето на над 20.000 граѓани во времето на Груевски.