Независниот синдикат на полицијата предводен од Гоце Делчев Тодев излезе на протестен марш пред Владата со барање да се признае нов колективен договор во Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција.
Делчев Тодев рече дека овој пат нема да остават ништо на случајност, но и дека ќе бидат немилосрдни.
Освен како што рекоа, европски колективен договор, тие бараат признавање на НСП како репрезентативен синдикат во МВР, како и покачување на платите за 25 отсто за припадниците на МВР, Шумската и затворската полиција.
Тие велат дека имало пресметка со синдикалните претставници во МРВ, но и незаконско прераспоредување. Членовите на НСП кои излегоа на протестот велат дека се револтирани бидејќи на сите освен на полицајците им се покачиле платите.
Гоце Делчев Тодев вели дека не знае од кои причини другиот синдикат не им се приклучил на протестот и додава дека оваа победа ќе ја извојува НСП, без разлика дали некој се смеел или не.
Фото: Локално