ГАЛЕРИЈА: Почна средбата на партиите за Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski
294 прегледи

Фото: Локално

Со 45-минутно доцнење на барање на пратениците од ДУИ, почна средбата на парламентарните групи за Законот за Јавно обвинителство, а која произлегува од Јавната дебата која два дена се одржуваше во Собранието, на барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката за правда и предводник на работната група од власта, Рената Дескоска ја најави средбата, на која најави дека ќе ги разлгледуваат забелешките кои експертите ги дадоа на дебатата.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, брифираат дека прифаќаат заедно да ги разгледаат забелешките од експертите, но ќе дадат и нивни забелешки.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера по завршувањето на Централниот одбор на партијата најави дека доколку нема догвор на средбата на парламентарните групи, Законот ќе влезе во собраниска процедура и тогаш ќе се види дали ќе добие поддршка од 80 пратеници.

Фото: Локално
Фото: Локално
Фото: Локално
Фото: Локално

А.Т.

Слични содржини