(ГАЛЕРИЈА) Погледнете ги петте најневообичаени базени во светот

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Колку повеќе се креваат температурите, толку повеќе си мислиме за вода, базени, свежина.bb3b1a8eaf445243dbf0eef68e631f6f

По тој повод ќе ви презентираме избор од 5 базена од соништата во светот, со желба еден ден да може да се нурнеме во нивните води.

1. На покривот на хотелот “Марина Беј Сандс” во Сингапур

Последниот кат на хотелот со три кули-облакодери, “Марина Беј”, претставува огромна плафторма слична на брод. Во средината на ова архитектонско чудо има базен, во кој додека пливате, ќе уживате во мегаполиси од 198 метри височина.

Пливачкиот објект е опремен со бројни катчиња за рекреација со водни глезотии.  Меѓу палмите и на краевите се изградени водни шезлонги со водени млазници кои ги облеваат посетителите. А по целиот тек на своевидната палуба ќе најдете ресторан и мокар бар.


2. Природен воден базен во Мексико

Мексиканската природна карпеста формација “Hierve el Agua” (во превод “врела вода”) претставува мала област во јужната долина Оксака во која природата  изградила минерални базени. Водата во нив е со температура од 22 до 27 степени. Откако местото станало позната знаменитост, во близина на природните водни базени се изградени и вештачки.

3. Пливање над 213 метарска луксузна провалија

Слични чуда можат да ви се случат само во Дубаи. Во тамошниот хотел “Интерконтинентал” архитектите одлучиле да изградат базен, чиј крај е два метри по хотелот. Од стаклената обвивка можете да фрлите едно око – што се случува 82-ката подолу.

4. Базен кој се спојува со морето

Во јужна Италија, по Амалфијското крајбрежје, ќе го најдете “Белмонд Хотел Карузо”, каде огромниот базен условно кажано се влева во Тиренско Море. Многу базени се обидуваат да го постигнат овој ефект, но ретки се оние кај кои е успешен.

5. Вулканска јама полна со вода?

Во Мидвеј, Јута, се наоѓа туристичката населба “Хоумстед”. Ова е единственото место на континентот Северна Америка, каде што ќе имате можност да се нурнете во геотермални извори. Тоа е единственото место во САД, каде што се одржуваат “жешки” нуркачки подвизи.