Србите се познати на Балканот по емоционалните пречеци на своите спортисти во Белград, при нивни успеси на разни натпревари. Исклучително спектакуларна беше атмосферата и при доаѓањето на српските спортисти од Олимписките игри во Рио, на чело со медалистите за земјата.
Повеќе од 20 ијлади луѓе се собраа во центарот на српскиот главен град, за да ги поздрават добитниците на 8 медали за земјата.
Меѓу победниците, најмногу овации добија ватерполистите на Србија, бидејќи машкиот тим на земјата ги освои златните медали во Рио и кошаркарите кои играа во финалето .
Селекторот на машкиот кошаркарски тим Александар Ѓорѓевиќ требаше да почека неколку минути пред мноштвото народ да се смири по појавата и изјави: “Пред 20 години бев тука како играч, а сега сум уште посреќен, бидејќи го имам овој тим зад себе.”