ГАЛЕРИЈА: Рафтовите во маркетите полупразни, најмногу се купуваат антибактериски сапуни и брашно

од Aleksandar Todeski
416 прегледи

По појавата на првата пациентка заразена од Ковид-19, односно коронавирус, граѓаните почнаа да ги празнат маркетите. И покрај смирувачките тонови од власта дека нема простор за паника, панично се празнат рафотивте, што покажуваат и фотографиите на „Локално“.

Најчесто купувани производи се брашно, конзервирана храна, како и антибактериски марамици и сапуни. Во меѓувреме, министерот за здравство, Венко Филипче, излезе со прес конференција на која појасни дека 50-годишната пациентка е во стабилна состојба и дека има лесен вид на вирусот, односно зафатено и е само едно белодробно крило.

„Идентификувани се сите патници од комбето. Биле 9 луѓе 8 патници и возачот. Идентификувани се на едно место во Скопје и 3 места во Струмица. Во овој момент веќе се упатени екипи на епидемиолози да се направи прегледот и анкетата за дознавање податоци со кој се лица денеска овие патници комуницирале. Најпрво вечерва сите ќе останат во домашна изолација со полициски надзор. Во однос на податоците со колку луѓе контактирале, ќе се одреди дали ќе продолжи изолацијата или ќе бидат префрлени во инфективните одделенија за надзор“, рече Филипче.

Во меѓувреме, објавени се и броевите на кои граѓаните со симптоми можат да се јават, а со цел да бидат проверени дали се заразени од вирусот.

Премиерот Оливер Спасовски, министерот Филипче и докторот Жарко Караџовски пак, нагласија дека граѓаните треба да си продолжат со нормален тек на животот.

Фото: Локално.мк
Фото: Локално.мк
Фото: Локално.мк
Фото: Локално.мк

Слични содржини