(ГАЛЕРИЈА) Царството на лисиците: Прекрасни слики на руската дива природа

од Vladimir Zorba
390 прегледи

1479410061-dddd

Рускиот фотограф Александар Сидонцев претставува серија на слики на лисици кои живеат во рускиот пустош, а биле направени во текот на неколку години.

2

Лисиците се снимени додека ловат, се грижат за мали, играа, спијат и позираат пред фотоапаратот.

15

Камчатскиот полуостров е познат како “државата на мечките” во Русија. Тука живеат меѓу 15. 000 и 30.000 мечки кои ја делат територијата со лисиците. Другоот “царство на лисиците” во Русија е Чукотка – регион во рускиот Далечен Исток. Растојанието од Москва до престолнината на Чукотскиот автономен округ Анадир е 6.186 километри, а главниот град на Камчатка е на 6515 километри од Москва.

4

Лисиците во Чукотка се одликуваат со посветла боја на влакната и се со поголеми димензии, што е типично за животните, колку се поместуваат од југ кон север.

5

Во Северна Русија, особено во планините, има и лисици со црна и друга боја на крзно, на пример црно-кафеави.

7

Најчестот се украсени со светло црвена или кафена боја на грбот и светол стомак и темни шепи.

11
Лисиците се хранат главно со ситни глодари (полски глувци, леминзи) кои можат да се најдат дури под снегот.

8
Во потрага на пленот, лисиците се бескрајно итри. Тие можат да се преправаат дека умреле или да го надитрат плен со чудно однесување.

9

 

Понекогаш лисиците дури ловат птици и напаѓаат кокошарниците на луѓе. Но тоа се случува многу ретко, како што пишува во бабаините бајки.

12

Лисицата троши вкупно над 400 различни видови на растенија и животни, вклучувајќи лубеници (во рускиот Север лубеници, се разбира, се одгледаат во стакленици).

13

 

Можете да видите повеќе слики од Александар Сидонцев на страницата на Instagram.