(ГАЛЕРИЈА) Версаче со колекција во чест на Џани во Њујорк

од Vladimir Zorba
107 прегледи

На 2 декември, Џани Версаче ќе полнеше 72 години. На специјалната ревија во Њујорк, неговата сестра Донатела Версаче оддаде чест на сеќавањето на својот брат, презентирајќи неверојатна колекција за есента 2019 година.


Ова е прв пат модниот бренд да ја претстави својата предсезонска колекција за претстојната сезона толку рано. Според некои извори, овој преглед бил планиран долго пред Мајкл Корс Холдингс да го стекне Версаче.

Меѓу специјалните гости кои присуствуваа на настанот беа Ким Кардашијан со нејзиниот сопруг, раперот Кание Вест, Ума Томсон, Мери Џеј Блајџ.

Животински принт, светли бои, убав и обемен накит, фустани и сјајни ткаенини. Така може да се опише презентираната колекција. Повеќе видете во нашата галерија.