Галтие: Бараме решение за Икарди и ќе донесеме уште еден напаѓач

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие објасни што сака да се случи пред затворањето на преодниот рок. Тој навести дека нема да се потпира на Мауро Икарди и бара да биде доведен уште еден напаѓач. Галтие зборуваше и за голманската ситуација и иднината на Кејлор Навас.

„Ќе доведеме уште еден напаѓач, Калимуендо оди во Рен и бараме решение за Мауро Икарди. Кејлор Навас не сака да биде резерва на Донарума. Знам дека има клубови заинтересирани за него“, изјави Галтие.

Минатата сезона Навас и Донарума го делеа голманскиот пост, но по доаѓањето на Галтие реши Италијанецот постојано да стартува.

Икарди никогаш не успеа да се наметне во тимот по неговото пристигнување во Париз. Според некои информации, тој би можел да биде искористен во зделката за Фабијан Руиз од Наполи, со кој ПСЖ се обидува да потпише.

За Икарди заинтересирани се Монца и Сампдорија.

Слични содржини