Мнозинството Македонци се убедени дека нивната земја има потреба од промена.

62 отсто од Македонците го поддржуваат изборот на Зоран Заев за премиер на земјата.
69% од испитаниците сметаат дека Република Македонија има потреба од промена. Ова го покажуваат податоците од истражувањето на “Брима Галуп”, спроведено во месец јуни.
66% од учесниците во истражувањето се убедени дека протестот и судирите во парламентот на 27 април беа претходно организирани. Само 21% од испитаниците сметаат дека станува збор за спонтан протест.
Истражувањето е направено меѓу 1193 лица и е спроведено меѓу 2-12 јуни