298
Британскиот весник „Гардијан“ денеска во врска со масовните престрелки во Србија истакна дека за разлика од САД, ваквите случаи не се вообичаени во Србија и дека не му требало долго време на српскиот претседател Александар Вучиќ за брзо да реагира.
Само еден ден по овие бесмислени престрелки, Вучиќ најави неколку мерки за спречување на натамошна трагедија, се вели во написот на Крис Браун, активист и адвокат.
Мерките вклучуваат забрана за издавање нови дозволи за оружје, построги казни за нелегално поседување оружје, психолошки проверки за сопствениците на оружје и амнестија за предавање нелегално оружје.