Гаши, Касами и Меџити се сретнаа со Ќехаја: „Албанците треба да се обединети против експанзиските тенденции на Србија“

од Vladimir Zorba
444 прегледи

Тројцата лидери на албанската опозиција во Северна Македонија, Африм Гаши (Алтернатива), Билал Касами (Движење Беса) и Изет Меџити (Демократско движење), денеска се сретнаа со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, каде што изразија најдлабоко сочувство за убиството на членот на Косовската полиција, Африм Буњаку, од страна на српските терористи.

Истовремено, на ова средба се разговараше и за актуелната состојба во Косово, потврдувајќи ја поддршката за владата на Косово во напорите за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово.

„Опозициските лидери ја испратија пораката дека Албанците треба да се обединети против експанзиските тенденции на Србија и терористичките акти диригирани од Белград“, се вели во соопштението.

Слични содржини