Газа: Најмалку 17 лица загинаа во израелски напад врз бегалски камп

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 17 лица загинаа во израелските напади врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, јавија утринава палестинските медиуми.

Новинската агенција Wafa објави дека 17 лица загинале во нападот на полноќ, додека Палестинскиот информативен центар соопшти дека загинале 15 лица, а „голем број“ се уште се под урнатините.

Би-Би-Си наведува дека не може да ги потврди бројките на жртвите.

Слични содржини