Гејтс за чиповите во вакцините: Тоа не ме интересира, коронавирусот е многу лесно да се победи, имаме многу поголем проблем!

од Берта Китинска

Решавањето на климатските промени би било „најневеројатната работа што човештвото ја направила некогаш“, рече основачот на „Мајкрософт“, филантроп и милијардер Бил Гејтс, отфрлајќи ги теориите дека употребата на вакцини би требало да биде начин за всадување чипови и следење на луѓето.

Според Би-Би-Си, Гејтс стана еден вид магнет за теоретичарите на заговор на коронавирусиот.

Тој е обвинет за правење вирус во тајна лабораторија, како дел од проектот на глобалните елити за намалување на бројот на луѓе во светот и за употреба на вакцини за вградување микрочипови кај луѓето со цел нивно следење и контрола.

Гејтс, сепак, се насмевна  кога го прашаа за тоа. „Зошто би сакал да ги следам луѓето? Знаете, едноставно не ми е гајле каде одат луѓето “, рече Гејтс. Новата книга на Бил Гејтс „Како да се избегнат климатските катастрофи“ е водич за борба против глобалното затоплување. Тој верува дека ставањето крај на пандемијата на коронавирусите е „многу лесно“ во споредба со справувањето со климатските промени.

Американскиот милијардер верува дека светот е во клучна точка во дебатата за климата.

Вниманието на Гејтс е насочено кон тоа како технологијата може да помогне да се премине патеката од 51 милијарда тони стакленички гасови, кои светот обично ги испушта во атмосферата секоја година, на нула тони. Одговорот, смета Гејтс, лежи во обидот да се иновира во обем што светот го нема видено порано, и тие напори мора да започнат со владите. „Треба да поставиме скала за цени за да му кажеме на приватниот сектор дека сакаме зелени производи“, рече тој.

Ова ќе бара огромни инвестиции од владите во истражување и развој, тврди Гејтс, како и поддршка што ќе овозможи раст на пазарот за нови производи и технологии, со што ќе се помогне во намалувањето на цените.

Слични содржини