Генералниот секретар на ОБСЕ предупреди на опасност од воени судири во Европа

од desk2
128 прегледи

Генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер предупреди на опасноста од воени судири во Европа поради зачестените инциденти и погранични воени вежби.

 

 

– Постојат одредени ситуации кои би можеле да бидат опасни. Имаме се повеќе маневри и распоредување на воени сили покрај границите, изјави Гремингер во интервју за австриската новинска агенција АПА. Гремингер алудираше на распоредувањето на руски и НАТО сили во пограничниот сектор меѓу балтичките држави и Русија.

Според Гремингер, има апсолутно отсуство на доверба меѓу водечките држави во ОБСЕ, каде членуваат и Русија и САД и водечките западно-европски држави.