312
Поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека старо-новата влада покажа дека мнозинството со мали промени може да биде прилично флексибилно во зависност од потребите.
– Зоран Заев како премиер, како лидер покажа дека има начини и механизми за да го зголеми тоа мнозинство, и тоа ги нервира од ВМРО, Не би ме чудело реално тие 62 да се зголемат ако работиме по некој европска агенда, од друга страна 62 е тенко мнозинство кое има потреба од многу пазарење, вели Георгиев.