Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на Фејсбук потврди дека по два негативни теста, лекувањето ќе го продолжи во домашни услови.
-Драги пријатели, сакам да ве известам дека по извршени два негативни тестови ја напуштив Клиниката за инфективни болести и од денеска сум дома кадешто ќе продолжам со домашно лекување.Упатувам голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката, за нивната пожртвуваност и храброст да помогнат на секој пациент кој се бори со коронавирусот. Од моја страна, како знак на благодарност за херојството и поддршка за целокупниот медицинскиот персонал, денес донирав 10 навлажнувачи за кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок за Клиниката за инфективни болести.Ви благодарам на целата ваша поддршка која ми ја давата овие недели. Ве молам чувајте се сите, почитувајте ги здравствените препораки и носете заштитна опрема, напиша во објавата Георгиевски.