Герасимовски за списокот на ученичката во Центар: Родителите да разговараат со своите деца

од desk4
268 прегледи

Во врска со случајот за ученичката од основно училиште во скопската населба Центар, која направила список со ученици, а на кој имало и насавник, градоначалникот на општината, Горан Герасимовски апелира да не се крева паника од овој случај, туку максимално одговорно секој поединец, секој родител или старател да поразговара со своите деца. Мора да укажеме и да ја подигнеме свеста дека со „таа тема” нема играње“.

„За денешната информација во медимите поврзана со список, напишан од ученичка, со закани кон своите соученици, преземени се сите мерки од страна на училиштето, а и МВР постапува во однос на случајот. Што се однесува до самиот настан, вчера разговарав со директорката на училиштето, но и со сите директори на основните училишта во Општината. Тие веќе од денес преку наставниците интензивно комуницираат со родителите и децата, предупредувајќи ги од последиците од ваквите постапки, кои некои децата ги разбрале како игра или шега. Очекувам сите наставници, но пред се родителите да разговараат со своите деца и да им укажат колку е опасно да го користат овој немил настан, дури ни на шега, да не прават слични списоци или на кој било начин да си поигруваат со ужасната трагедија“, рече Герасимовски.

Герасимовски најави дека во најкус рок ќе се подготват нови програми и проекти за спречување на насилство во училиштати кои ќе значат побезбедни ученици и поздрава околина за раст и развој.

Слични содржини