ГЕРБ се повлече од преговорите за формирање влада

„Крајно време е да ѝ се стави крај на оваа политичка уцена пред која не ставија,“ нагласи Сачева од ГЕРБ.

од Бети Божиноска
301 прегледи

Најголемата бугарска партија ГЕРБ се повлече од преговорите за формирање нова влада и покрај претходниот договор со ПП-ДБ да ја номинираат поранешната еврокомесарка Марија Габриел за премиер, партијата извести вчера, пренесува „Еурактив“.

Двете главни политички партии во земјата се согласија да го заменат актиелниот премиер Николај Денков (Да ја обновиме Европа, ПП-ДБ) со Марија Габриел (ЕПП, ГЕРБ) во потег без преседан, но очигледно тој обид пропаднал.

Ова значи дека Бугарија е на пат кон шестите парламентарни избори во три години, предизвикувајќи политичка нестабилност што може да им наштети на напорите наБугарија да ѝ се приклучи на Еврозоната и да добие полноправно членство во Шенген.

„Се е готово. По изборите, одново ќе ги почнеме преговорите,“ најави Деница Сачева од преговарачкиот тим на ГЕРБ откако вчера завршија преговорите.

Партијата најави дека се повлекува од разговорите, наведувајќи ги како причина несогласуавњата со ПП-ДБ околу политичката контрола врз неколку министерства.

„Крајно време е да ѝ се стави крај на оваа политичка уцена пред која не ставија,“ нагласи Сачева.

Габриел тврди дека ГЕРБ и ПП-ДБ немале несогласуавња околу клучните теми поврзани со управувањето со државата- борбата против корупцијхата, реформата на безбедносните служби и судските реформи.

Димитар Ганев, политички експерт од социолошката агемнција „Тренд“, вчера посочи дека предвремените парламентарни избори моѓе да се комбинираат со изборите за Европскиот парламент. Ако ова не се случи, одѕивот ќе биде многу мал поради уморот на бугарското гласачко тело.

Според Ганев, по изборите повторно би требало да преговараат истите партии за формирање влада бидејќи, во моментот, тие немаат политичка алтернатива.

Слични содржини