Независно и ефикасно судство – заштитник на правата на граѓаните беше работниот наслов на денешната конференција по повод денот на правосудството. На настанот присуствуваа судии, Претседателот на Врховниот суд, ОБСЕ и амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Герет. Преставниците на меѓународниот фактор порачаа дека независното судство е темел на државата, а пред извештаите за слабости во правосудството не треба да се замижува, туку да се подобрат состојбите. 
„Вие знаете дека е навистина особено важно дали соодветно се постапува со еден судски предмет низ судскиот систем или се одолговлекува. Знаете дека е битно секоја пресуда да се заснова конкретно врз закон, а не да биде предмет на некои надворешни притисоци… Селективната правда ќе има лош ефект врз Македонија.“ – изјави Чарлс Герет, Амбасадор на Велика Британија во Скопје.