Германец 56 години возел без возачка дозвола

од desk2
110 прегледи

Сообраќајните несреќи се секојдневие на градските раскрсници, но една таква несреќа во североисточниот дел на Германија ги запрепасти полицајците.

По судирот на два автомобили, полицијата излегла на терен. Од несреќата покрај материјална штета, не се повредени возачите на двата автомобили, односно 34 годишна жена и 74 годишен маж.

По пристигнувањето на полицијата на терен е утврдено дека мажот 56 години возел автомобил, иако никогаш не положил за возачка дозвола. Тој на полицајците им објаснил дека запишал часови пред да замине на отслужување на воен рок, но дека откако се вратил, не продолжил со процедурата за добивање возачка дозвола.