Германија: 11 лица уапсени за педофилија, злоупотребувале деца на возраст од 5 до 12 години

од Vladimir Zorba

Германската полиција уапси 11 лица во различни делови на земјата под сомнение дека сексуално злоставувале деца и ги снимале нивните злосторства, објави денеска локалната полиција во Минстер.

Инспекторите идентификувале најмалку три деца на возраст меѓу пет и 12 години кои биле жртви на сексуална злоупотреба.

Седум лица, од кои некои биле претходно познати на полицијата, се во притвор, изјави началникот на полицијата во Минстер, Рајнер Фурт.

Тие лица, шест мажи и една жена, се осомничени дека директно злоупотребуваат деца и учествуваат во логистика и разменуваат информации преку шифрирани пораки.

Главниот осомничен е 27-годишен маж од Минстер кој работи на фарма и е ИТ експерт. Во неговиот дом полицијата открила дискови со видеа и фотографии.

Уапсени се уште четири лица, меѓу кои и мајката на главниот осомничен, која ги давала клучевите на нејзиниот син од летната куќа каде се случиле злоупотребите, а притоа знаела што се случува.

Инспекторите изјавија на прес-конференцијата дека биле особено ужаснати од видеата во кои четворицата уапсени мажи на смена сексуално злоупотребуваат две момчиња на возраст од пет и десет години со часови.

Северна Рајна-Вестфалија веќе имаше скандал со педофилија во 2019 година. Во камп во Лигде, неколку мажи сексуално злоупотребувале голем број деца со години пред да бидат уапсени.

Слични содржини