Социјалдемократската партија на Мартин Шулц ја поддржа Ангела Меркел да формира голема владејачка коалиција , објавија светските новински агенции.

Членовите на СПД неколку денови по пошта гласа „за“ и „против“ коалиција со конзервативците на Меркел. Околу 460.000 членови на СПД гласаа, а 66 проценти од нив одобрија нова коалициска влада на Германија.
Лидерот на СПД, Мартин Шулц изјави дека партијата ќе биде дел од идната германска влада.
Тоа значи дека Меркел четвртипат ќе биде канцеларка, по 12 години минати на власт.
Делегатите на социјалдемократите во Германија гласаа 66 отсто за да “градат” голема коалиција со конзервативците на Меркел.
Кабинетот ќе биде поставен што е можно поскоро со цел да се стави крај на политичката криза во земјата која траеше пет месеци. Новата влада се очекува да положи заклетва во средината на месецот. Канцеларот на земјата по четврти пат ќе биде Ангела Меркел, а социјалдемократите ќе добијат некои од клучните министерства.